

Запознајте ја новата Daytona 660 серија. Во нејзината ДНК таа чува динамичен спортски карактер и управување, со стил кој изнудува погледи од сите страни сплотено со врвна агилност и перформанси кои ќе ги подигнат вашите возачки способности на сосема повисоко ниво.
Daytona 660 серијата е подкрепена до препознатливиот трицилиндричен мотор на Triumph усовршен низ деценискиот развој. Моторот се одликува со идеална конфигурација, комбинирајќи го вртежниот момент и стисокот на двоцилиндричните мотори при низок обртај со перформансите на линиските четири-цилиндрични мотори при високите обртаи со уникатниот препознатлив три-цилиндричен звук со кој се карактеризираат сите мотори на Triumph. Произведува 95 КС @ 11.250 вртежи во минута и 69 Nm врвен вртежен момент, со повеќе од 80% достапни низ опсегот од 3.125 врт/мин до 11.750 вртежи во минута. Кога станува збор за перформанси Daytona 660 серијата може се. Во пракса, ова се претвора во спортски мотор со врвни перформанси со прифатлива цена кој одговара на секое сценарио за возење и на стилот на секој возач. Овајмотор е надополнет со одлично респонзивен менувач со шест брзини и „Triumph's Slip and Assist“ квачило. „Triumph's Slip and Assist“ квачилото овозможува неверојатно лесно урбано патување е. Дизајнот на квачилото, исто така, го намалува отскокнувањето и блокирањето на задните тркала при нагло забавување за непречена и сигурна авантура.

Daytona 660 серијата ги има сите карактеристики на чистокрвен спортски мотор со секојдневна употребливост. Со воланот поставен над горниот мост, положбата на возење е совршено избалансирана за да се даде повратна информација потребна за динамично спортско возење. Daytona 660 серијата нуди доволен комфорт за долги релации и лесно управување, нудејќи одлична контрола при мали брзини во урбани средини. Предниот дел на Daytona 660 комбинира остар, агресивен спортски изглед со практично ветробранско стакло кој го отклонува воздухот над и околу возачот за да го намали заморот при подолги возења со голема брзина на автопат. Висината на седлото од само 810 mm со тесна ширина го прави Daytona 660 достапен за возачи од сите големини. Благодарение на тенкиот струк на моторот и со паметент дизајн, положбата на стапалото нуди доволно растојание при свиоци без да се загрози удобноста, дури и за повисоките возачи. Daytona 600 е изградена за секој возач и за секој пат.

Најзаслужни за одличните перформанси и управување кај Daytona 660 се годините поминати во дизајнирање и развој на тркачки шасии. Кога сме кај балансот на Daytona 660, таа се карактеризира со агилност при мали брзини комбинирана со неутрално, стабилно управување при големи брзини. Нудејќи го најдоброто од двата света, дизајнот на рамката и совршено усогласените компоненти на Daytona го издвојуваат од неговите ривали од средната класа. Опремен со „Showa“ суспензија од 41 мм, Daytona има фокусирано управување што го олеснува вашиот живот при динамично возење. Задната суспензија е лесно и брзо прилагодлива. Сопирањето е подеднакво обезбедено. Двете радијални четириклипни клешти во комбинација со лесните дискови од 310 mm обезбедуваат голема моќ за запирање, а преку ABS системот кој се оптимизира преку избор на возач, безбедноста е загарантирана, дури и при најтешкото сопирање. Лесните леани алуминиумски тркала со пет краци ја одржуваат ротирачката инерцијална маса ниска за подобрен одговор и перформанси на суспензијата. Најновите Michelin Power 6 гуми со високи спецификации го комплетираат пакетот за управување, обезбедувајќи доверба во сите услови.

Daytona 660 е опремена со технологија која го подобрува искуството во возењето и безбедноста. „Ride-by-wire“ системот за апликација на гас нуди чист и прецизен одговор и исто така овозможува три режими на возење - спорт, пат и дожд. Секоја програма нуди различен одговор при додавање на гас и ниво на интервенција на контрола на тракцијата, при што режимот Sport обезбедува најдиректен одговор на гас за возење на патека. Системот за контрола на тракцијата може да се исклучи преку менито на инструментната плоча за возачите кои претпочитаат потрадиционално „аналогно“ чувство. Сопирањето на Daytona 660 е секогаш на врвно ниво благодарение на квалитетниот ABS систем. Контролирано од конфигуратор од високата класа на Continental, моќното сопирање со дополнителна безбедност - но без чувството на треперење ја зголемува довербата на возачот во сите услови. Бидејки Daytona 660 има толку голема моќ за запирање, опремена е со систем за предупредување при итно забавување, кој активира предупредувачки светла при силно сопирање за да ги предупреди другите учесници во сообраќајот. Мултифункционалните инструменти се прикажани на TFT дисплеј во боја интегриран во LCD бело-црн дисплеј. Компактни и ненаметнати во дизајнот, инструментите ги прикажуваат јасно сите информации за возачот и се лесни за читање во различни услови на осветлување. Овој уред е компатибилен со дополнителната апликација за системот за поврзување „My Triumph“, која овозможува „Turn-By-Turn“ навигација и интеракција со телефонот и музика. Сите функции се јасно прикажани на TFT екранот и се контролираат преку лесно достаплив контролер на воланот за полесно користење додека возите.

Со впечатлива силуета, чистите линии и стил Daytona ги мами сите погледи. Елегантната нова каросерија, со препознатливите двојни LED фарови и централниот довод на воздух кои се обвиткуваат околу рамката, гушкајќи го извајаниот резервоар па се до минималистичката опашка го дополнуваат изгледот на Daytona. Како кај секој Triumph убавината се крие и под каросеријата. Рамката има издржлива, висококвалитетна завршница, со дизајнерски детали кои се протегаат до подрамката и вилушките инспирирани од тркачкиот дух на Triumph. Ова исклучително внимание на деталите се пренесува во просторот на кокпитот, со скриени кабли и црева. Рачно изработените алуминиумски штитници се само еден пример за обемниот дизајн на Daytona - и бескрајната потрага по совршенство.

Врвните перформанси, квалитет и управување се само почеток на причините кои ќе ве натераат да станете сопственик на Daytona 660. Добро докажаниот три-цилиндричен мотор е создаден во интензивната конкуренција на трките од светскиот шампионат во Moto2, а со програма за издржливост, тестирање во реални услови и тестирање на патеката, можете да имате целосна доверба во способностите на Daytona 660. Доколку ги додаеме и ниските трошоци за одржување, водечките во класата интервали на сервисирање од 16.000 километри и двегодишна неограничена гаранција за километражата, Daytona ви овозможува вашето слободно време да го трошите на возење наместо во одржување. Daytona 600 нуди квалитет кој дава непобедлива вредност.

