Speed 400 серијата го носи она класично/модерно Triumph искуство до уште повеќе возачи отколку било кога. Дизајниран за да ги прави горди неговите Triumph претходници а опремен со најновата технологија, новата TR серија на едно-цилиндрични мотори е дизајнирана да произведе препознатлива сила со цел да се постигнат врвни перформанси. Неутралната а сепак респонзивна возачка позиција со ниското седиште и „roadster“ рамката, врвната суспензија и сопирачки се тука за да ја достават онаа препознатлива инспиративна и самодоверлива агилност, која им овозможува на возачите да се поврзат со подлогата и да уживаат во моментите поминати со Speed 400. Перфектните финиши и деталите се евидентен показател дека Speed 400 серијата дефинитивно припаѓа на Triumph фамилијата.
1. Автентичен Triumph Стил
Дизајниран и изработен во Хинкли, Велика Британија, Speed 400 серијата беше изработена со истата доза на внимание како и секој друг Triumph мотор. Овој мотор комбинира безвременска ДНК со модерни перформанси. Препознатливата Triumph силуета и класичниот профил на моторот ги величи претходниците на Speed 400 серијата кои се веќе Triumph легенди. Speed 400 серијата е бленд помеѓу ретро изгледот, модерни перформанси и уникатниот шарм на Triumph.
2. Потполно Нов Мотор
Потполно новиот (398cc) моно цилиндричен моторт комбинира класичен Triumph изглед и модерна тахнологија и испорачува 40hp максимална јачина и 37.5Nm макссимален обртен момент. Техничките детали набројуваат - 4 вентили, 2EEK глава и радалица која е перфектно балансирана за да се оптимизира балансот на моторот при возење на ниски брзини. Париран со 6 брзински менувач кој нуди брзи и прецизни промени на степенот ја дава перфектната комбинација која заедно испорачува карактер и одлични перформанси.
3. Направен за Забава
Speed 400 серијата и изготвена за забава. Комфортната воачка позиција дава иделен баланс и одлично ја распоредува тежива врз целиот мотор и притоа дава извонредно чувство кога го возите моторот. Speed 400 серијата е наменета за сите возачи без разлика на нивната висина. Благодарејки на ниското седиште (790мм) Speed 400 дополнително се прилагодува кон пониските возачи и дава чувство на самодоверба и лесно маневрирање.
4. Технологија
Speed 400 серијата е парирана со технологија направена за го унапреди вашето патување. Паметното квачило е тука да ви асистира при секое запирање и тргнување со што го намалува заморот. ABS системот ви буди самодоверба при сопирање и при влез во свиоците како и системот за пролизгување кој ве чува при излез од свиоците. Speed 400 серијата е опремена со целосно LED осветлување со активни дневни LED светла кои гордо го носат Triumph амблемот. Инструментната плоча се состои од два дела и се контролира преку интуитивни команди и ролери на воланот.
5. Висока Спецификација
Speed 400 серијата е опремена со периферни елементи од висок стандард со цел да се комплетира еден одличен пакет комбиниран од сигурност и уживање. Ексклузивните 10 кракни тркала се парирани со одлични пневматици од познати брендови, 43мм суспензија и лесното подесување на задната суспензија гарантира агилност и одлично управување. Дво-клипните сопирачки произведуваат одлична сопирачка сила и одлично чувство, додека ABS системот се грижи за вашата сигурност.
Speed 400
Уникатен Модерен Класик кој го поседува уникатниот 'roadster' дизајн на Triumph во својата ДНК.
